Информација за состојбата со коронавирусот во општина Прилеп за денеска, понеделник 7 септември:
- Од Центарот за јавно здравје информираат дека денеска во општина Прилеп има 5 нови случаи на коронавирус, а 7 лица оздравеле од заразната болест.
- Бројот на активни случаи изнесува 142, од кои 116 се наоѓаат на домашно, а 26 на болничко лекување.
- Вкупниот број на заразени од Ковид-19 од почетокот на пандемијата изнесува 525.