ВИДЕО- Градинките во Прилеп започнаа со работа – од 600 деца кои треба да одат денеска беа присутни 135

Денеска градинките во Прилеп започнаа со работа според зададените протоколи и заштитни мерки. Во градинкиите во Прилеп ќе тргнат 600 деца, а од нив денеска беа присутни само 135, останатите ги немале донесено потребната медицинска документација која не треба да биде постара од 3 дена. Се очекува тоа да го направат во наредните денови.

 

 

Овој почеток е тежок од единствена причина, затоа што сакаме да го зачуваме најбитното, здравјето на нашите деца. За да се зачува тоа здравје, во установата се извршени 3 дезинфекции, дезинсекции и дератизации, обезбедени сме со сите хигиенски средства, антибактериски сапуни, дезинфекциони бариери, не треба да се плашат родителите за почетокот на годината. Овој почеток ние го реализираме со 600 деца, од тие 600 деца денес се присутни 135, а за наредниот ден се најавени 200 дечиња. Ние сме спремни и можеме да отпочниме, секој почеток е тежок, така и овој, но се надеваме дека среќна ќе ни биде годината, успешна и убаво да ни врват дните“, истакна дииректорот на градинките „Наша Иднина“ во Прилеп, Орце Тодороски.

 

Секое дете за да биде примено во детската градинка има протокол. Има повеќе протоколи кои треба да се запазат : протокол на установата, протокол на воспитно-образовната дејност и протокол за родителите. Тој протокол налага децата да бидат донесени со маски и да бидат згрижени на тој начин што претходно ќе им биде мерена температура.

 

„Воспитачката и негувателката си го зема детето во точно одредено време и во точно одредено време го враќа, кога ќе каже родителот. За да биде сето ова организирани, сите овие 5-6 месеци ние се грижиме сето тоа да го направиме и хигиената во занималните да биде на највисоко ниво. Во секое веце има чек-листа, како во вецињата, така има и чек-листа за температура, чек-листа за вработените. Не смееме дете да примиме без потребната медицинска документација, потврда од двајцата родители дека не можат да ја работат работата од дома туку мора да бидат присутни на своето работно место и за самохрани родители. Тоа е единствената причина, да ги имаат потребните документи и потребни брисеви од грло и нос“, додаде Тодороски.

 

Според протоколот децата во јаслите треба да бидат по 6, додека децата од останатите групи треба да бидат по 15.

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи