ВИДЕО – Јованоски: Новата градинка во „Точила“ ќе започне со работа во септември 2021

Новата детска градинка што Општина Прилеп ја планира и јас како градоначалник ја ветив за изведба е планирана и ќе се гради во 2020 и во 2021 година. Да напоменам дека така е во програмата, така Советот на општината ја изгласа, истакна денеска градоначалникот на Прилеп, Илија Јованоски.

 

 

„Во тек е потребната документација за јавна набавка, во текот на овој месец ќе биде објавена јавната набавка и во наредните 9 месеци таа градинка ќе биде во употреба. За наредната година 2021, со почетокот на учебната година во септември, кога ќе почнат дечињата да одат во градинка таа ќе биде во функција и сигурен сум дека тоа ќе биде како што го кажувам. Тоа е мојата перцепција и од прилика за 9 месеци, во разговор со голем број на изведувачи кои граделе детски градинки, ми дадоа објаснување дека 9 месеци се доволно да се изгради детската градинка. Јас сум сигурен дека тоа ќе го направиме. Тоа е моја заложба и во интерес на сите дечиња и сум сигурен дека од наредната година ќе немаме дечиња што ќе седат дома, а сакаат да бидат во градинка. За среќа и на родителите и на децата. Јас се надевам дека во текот на декември, крајот на ноември или декември ќе отпочне изградбата. Се надевам дека до крајот на годинава, убеден сум, ќе имаме камен темелник на новата детска градинка во населба Точила“, 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи