Две лица на 63 и 83 годишна возраст починаа, двајца новозаболени од ковид-19 во Прилеп

 

 

Од Центарот за јавно здравје информираат дека денеска во општина Прилеп има 2 нови случаи на коронавирус, а 11 лица оздравеле од заразната болест.

 

Бројот на активни случаи изнесува 129, од кои 102 се наоѓаат на домашно, а 27 на болничко лекување.

 

Од последици на коронавирусот, починаа две лица на 63 и 83 годишна возраст.

 

Вкупниот број на заразени од Ковид-19 од почетокот на пандемијата изнесува 534.

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.