Тројца тешко повредени во сообраќајка на патот Прилеп-Битола, кај с. Ново Лагово

 

 

Вчера околу 17 часот на регионалниот пат  Прилеп-Битола, во с.Ново Лагово, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „форд” со прилепски регистарски ознаки, управувано од М.Р.(31) од Прилеп, со совозач К.П.(28) од Прилеп и патничко возило „застава 128” со прилепски ознаки, управувано од П.С.(68) од с. Шелеверци, прилепско, информираат од МВР.

 

Во незгодата сите лица се здобиле со тешки телесни повреди и биле пренесени во Градска болница Прилеп за укажување лекарска помош. Увид на местото извршила увидна екипа на Полициска станица Прилеп.

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.