Од Центарот за јавно здравје информираат дека денеска во општина Прилеп има 2 нови случаи на коронавирус, а 11 лица оздравеле од заразната болест.
Бројот на активни случаи изнесува 129, од кои 102 се наоѓаат на домашно, а 27 на болничко лекување.
Од последици на коронавирусот, починаа две лица на 63 и 83 годишна возраст.
Вкупниот број на заразени од Ковид-19 од почетокот на пандемијата изнесува 534.