На 8 септември 2020 околу 00,30 часот во Полициска станица Прилеп било пријавено дека кај угостителски објект на ул.„Цар Самоил“ малолетничка од Штип била малтретирана од вонбрачен сопруг В.Ј(21) од Прилеп.
Извршен е разговор со мајката на малолетничката, која потврдила дека нејзината ќерка вонбрачно живеела со В.Ј., и се преземаат мерки за расчистување на случајот.