Од ЈКП„ Водовод и канализација“ истакнуваат дека во моментов водоснабдувањето се вршело под специфични услови, во овие летни горештини, кога имало намален доток на вода од Регионалниот водовод „Студенчица“.
„Поради променливиот доток на вода од Регионалниот водовод „Студенчица“, како и поради екстремната потрошувачка од страна на граѓаните, во водоснабдителниот систем денес се пуштаат водите од Градските бунари Кишовица и Орушица. Нашите резерви на питка вода се доволни за да ги задоволат вообичаените потреби на граѓаниите. Сепак, имајќи ги во предвид жешките денови, Ве молиме да помогнете да се избегне несовесната потрошувачка на вода“, велат од Од ЈКП„ Водовод и канализација“.
180