Трет ден по ред Прилеп со починат пациент од Ковид 19, денеска и нови 9 случаи

Од Центарот за јавно здравје информираат дека денеска во општина Прилеп има 9 случаи на заболени од коронавирус, а 6 лица оздравеле од заразната болест.

 

Од последици на коронавирусот, почина едно лице на 71-годишна возраст.

 

Бројот на активни случаи со КОВИД-19 изнесува 134. Од нив, 106 лица се наоѓаат на домашно, а 28 на болничко лекување.

 

Вкупниот број на заболени од вирусот од почетокот на пандемијата изнесува 552.

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.