Започна обесшетувањето на депонентите на Еуростандард банка – ќе се исплатат 68.3 милиони евра

Facebook
Twitter
Email
Print

 

 

Денеска започна обесштетувањето на штедачите од Еуростандард банка. Префрлени се над 4,2 милијарди денари односно околу 68,3 милиони евра од Фондот за осигурување на депозити, а исплатата ќе се врши преку четири деловни банки, односно Комерцијална, Стопанска, НЛБ и Халк банка.

 

Депонентите се распределени преку според почетните букви на презимето, односно:

 

  • депонентите чие презиме започнува на А, Б, В, Г и Д ќе се исплаќаат преку експозитурите на „Комерцијална Банка“.
  • депонентите чие презиме започнува на Ѓ, Е, Ж, З, Ѕ, И, Ј, К, Л и Љ ќе се исплаќаат во експозитурите на „НЛБ Банка“.
  • депонентите чие презиме започнува на М, Н, Њ, О, П и Р ќе се исплаќаат во експозитурите на „Стопанска Банка“.
  • депонентите чие презиме започнува на С, Т, Ќ, У, Ф, Х, Ц, Ч, Џ и Ш ќе се исплаќаат во експозитурите на „Халк Банка“

 

Самостојните вршители на дејност кои биле регистрирани како трговци поединци ќе се исплаќаат според првата буква од називот. Тие покрај документ за идентификација, ќе мора да носат и доказ за регистрација на стопанска дејност, односно тековна состојба.

 

Законскиот максимален износ кој депонентите ќе може да го добијат е 1.850.889 денари, односно 30.000 евра. Оние штедачи кои имале поголема сума на пари од оваа, истите ќе треба да ги бараат преку стечајна постапка.

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи