Мрежата на ЛАГОВИ со едукативна работилница за буџетски процес на локално ниво и партиципативно буџетирање

 

 

Во организација на Мрежата на ЛАГОВИ се одржа работилница за буџетски процес на локално ниво и партиципативно буџетирање. Претставници на граѓански организации кои активно делуваат на територијата на општина Битола, имаа можност преку предавање од експерт со огромно знаење и искуство во оваа проблематика,  да го зголемат своето знаење за законската рамка и политиките за буџетски процес на локално ниво, како и да се запознаат со можностите за активно вклучување на граѓаните во процесот на креирање на општинскиот буџет.

 

 

“Законската рамка предвидува инклузивен процес на донесување одлуки на локално ниво, и го потенцира значењето од учеството на граѓаните во донесувањето одлуки. Партиципативното буџетирање на локално ниво е есенцијално за зголемување на кредибилитетот на локалната власт, зошто преку вклучување на жителите на општината во процесот на подготовка на општинскиот буџет им се помага на локалните власти да бидат јавно одговорни, се дава придонес во ефикасноста на трошењето на општинските пари, и се постигнува транспарентно, одговорно и одржливо трошење на јавните пари, и поквалитетен живот за жителите на општината.“

 

Резултатите од теренското истражување на Мрежата на ЛАГОВИ укажуваат на недоволната информираност на граѓаните за можноста за нивно учество во буџетскиот процес,како и потребата од нивно вклучување за воспоставување на ефективни механизми транспарентност,отчетност и одговорност.

 

 

„Информираноста и запознаеноста на локалното население е основа за искористување на можностите за учество во планирање на општинскиот буџет и следење како се спроведува планираното, зошто трошењето на јавните пари има директен или индиректен ефет на секој од нас.“

 

Мрежата на ЛАГОВИ во рамките на проектот “Јавни пари за јавно добро” поддржан од Фондација отворено општество – Македонија во соработка со граѓански организации и академски институции, активно делува за зголемување на свесноста за потребата од партиципативно буџетирање со цел зголемување на учеството на локалното население во трошењето на општинските пари, и подобрување на транспарентноста, отчетноста и одговорноста на локалните власти.

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи