ВИДЕО – Велкоски: Македонците не се измислени од Тито, Бугарите биле наши поробувачи, а сега сакаат да скријат дека биле фашисти

Денеска се навршуваат 78 години од масакрот кај прилепско Дабница каде бугарскиот фашистички окупатор брутално убил 19 прилепчани. Скриен под труповите на своите соборци успеал да се спаси само Петко Велкоски. Историчарот Илија Велкоски е негов внук. Вели дека неговиот чичко е жив сведок за тоа се случувало тогаш.

 

 

„Бугарите вршеле репресии. Немало да веруваат дека сите тие репресии ги криеле, Рампо Левката претходно е убиен и не му се знае гробот, Лазо Филиповски – Лавски исто така, на Борка Талески не му се знае, ова е единствениот што преживеал и што раскажал во македонската историја дека бугарите вршеле репресии“, истакна Илија Велкоски, историчар.

 

Во врска со меморандумот кој Бугарија го испрати до ЕУ и тезите со кои тврди дека сме имале заедничка историја вели дека се тотална невистина.

 

„Бугарите во суштина сакаат да се прикажат како ослободители на Македонија, меѓутоа тие се поробители. Во суштина целата работа на тој меморандум е да се скрие фашистичкиот однос на Бугарите, или фашизмот во Бугарија. Тие тоа сакаат да го скријат и во нашите учебници по историја да се избрише. Не може да се бриши историјата, тоа се факти!“, рече Велкоски.

 

Демнатира дека Тито ја измислил Македонската нација. Македонците ниикогаш не биле Бугари, а партизаните се бореле за ослободување на Македонија.

 

„Ние не сме нација створени 44-та година, не се создава нација за еден месец, два, пет, или една личност не може да го направи тоа. Партизаните оделе со македонштината напред, се бореле за старите идеи, сите одреди партизански се со имиња на претходните револуционери од 1903 година, одред Ѓорче Петров, одред Гоце Делчев, одред Питу Гули, одред Димитар Влахов итн. Значи сите со иделогијата на постарата револуционерна гарда за ослободување на Македонија. И за среќа партизаните ја ослободија Македонија и ја направија оваа држава, ако не беа тие, немаше никогаш да имаме држава“, додава Велкоски.

 

Според Велкоски Гоце Делчев е чист Македонец кој Бугарија сака неправедно да го присвои.

 

„Гоце Делчев е чист Македонец, меѓутоа се запишал на Воена академија во Бугарија и морал да пиши државјанство, нема Македонија тогаш, не можел да се пиши Турчин, па се пишал Бугарин, за жал. Тие сега денеска го користат тоа и го злоупотребуваат. Истиот пример ќе биде по 30-тина години, кога ќе се врши попис на населението во Бугарија и во Македонија, ако се сеќавате дека има некаде меѓу 70-80 илјади бугарски пасоши од Македонија и тие по 30 до 50 години Бугарите ќе речат, ете во Македонија живее бугарско население. Многу добро знаат тие зошто се тие пасоши земени“, потенцираше Велкоски.

 

Велкоски вели дека историјата треба да се остави на историчарите, а не на политичарите. Според него ова сега било чиста полиитика која не носи ништо добро за двата народи.

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.