ВИДЕО – Нема пари за неисплатените придонеси во Еурокомпозит иако законот е донесен 1 година, ќе има нови протести

Во овој момент за вас пари во буџетот нема! Ова бил одговорот на претставникот на општествениот капитал на прилепски Еурокомпозит, Тања Чачорова, тврдат поранешните вработени во прилепски Еурокомпозит, кои со неа контактактирале пред околу една недела. Инаку лани во октомври Владата донесе закон со кој се обврза дека ќе ги исплати неисплатените придонеси за вработените од 2012 година па се до крајот на 2019. Иако законот излезе и во Службен весник до денес и по 1 година на сметката на Фондот за ПИОМ пари не се легнати. Еурокомпозитовци се крајно револтирани и велат дека власта си поигрувала со нив.

 

 

„Немаме на кого да му се обратиме, знаете новата Влада се уште се формира, освен на таа претставничката на општествениот капитал. Со неа сме во контакт, друг телефон немаме. Пред некој ден се слушнавме со неа, ни кажа дека се прави нова проценка на фирмата и дека пари за тие придонеси кои ги изгласа Собранието, немало. Во овој момент пари во буџетот нема такви, да не се надевате, а се прави нова проценка, дословно ви цитирам што ни кажа“, рече Цвета Бунтески, поранешен вработен во Еурокомпозит.

 

Околу 150 пензионери и 150 поранешни вработени кои заминаа како технолошки вишок испратиле и писмо и до премиерот на Македонија, но и од таму нема засега никаков одгорвор што ќе се случува со исплатата на придонесите.

 

„Еве може да поглднете ни вратиле одговор, почитувани благодариме за честитките, значи и честитки сме им упатиле. Воедно споделуваме надеж дека низ дијалог се можни решенија на проблем во таа насока, вашето барање ќе биде разгледано и ќе бидете известени. Е тоа беше одговорот и може да видите дали во ова има нешто во што ниеи би поверувале“, додаде Бунтески.

 

Во катастрофална состојба се наоѓаат и 50-тина вработени кои останаа да работат во Еурокомпозит. 9 месеци фиримата е затворена и тие 9 месеци немаат земено плата, а немаат добиено денар друга државна помош. Никој воопшто не им кажува што ќе се случува со компанијата понатаму. Затоа од среда најавуваат протести.

 

„Од декември 2019 немаме земено ниту денар. Немаме добиено никаква помош од Владата иико најавуваше пакет мерки. Никакво ваучер ние немаме земено, а имаме сознаниија дека и во овој 4 пакет мерки ние нема да бидеме опфатени. И затоа сме примораии да им се приклучиме на вработениите кои заминаа како технолошки вишок и да започнеме со протести. Ни се закануваат дека ако не држиме растојаниеи по 2.000 евра ќе имало казни, ама ние сме веќе казнети, така што сакаат нека ни прават ние излегуваме“, вели Роберт Богданоски, претседател на синдикат на Еурокомпозит.

 

Телефонскии контактиравме и со претставникот на општествениот капитал на прилепски Еурокомпозит, Тања Чачорова, која демантира дека им рекла на поранешните вработени дека за нив пари. Но и таа нема конкретен одговор што ќе се случуваа со оваа државна компанија, не се знае точно кога ќе се исплатат заостанатите придонеси, ниту пак кога ќе има пари за заостанатите плати. Се правело нова проценка на фирмата, а потоа Владата ќе одлучувала што понатаму. За засега за ништо нема датум, ниту рок. Според неа Законот досега неможел да спроведе поради предизборниот период и ситуацијата со Ковид 19.

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи