Изградбата на резервоар за питка вода во с. Белушино, општина Крушево, е во напредна фаза. Овој проект започна со реализација во месец мај годинава и истиот чини 2.601.900 денари.
„Во напредна фаза сме со овој проект. Резервоарот ветуван две децении конечно се реализира. Жителите на Белушино немаа други барања освен овој резервоар чија изградба и ставање во функција еднаш за секогаш ќе го регулира водоснабдувањето.“, изјави градоначалникот на општина Крушево Томе Христоски.
Резервоарот се реализира во рамки на програмата за работа на Министерството за транспорт и врски.