Утринава од Инфективното одделение во болницата во Струмица е украден починат пациент. Директорот на болницата Наќе Гогов потврди дека 49-годишен пациент од Струмица утрово околу 9 часот бил хоспитализиран во инфективната амбуланта со зголемена температура, висок крвен притисок и малаксаност, по што починал за кусо време.
„Додека се давала терапијата биле присутни неговата жена и ќерка. По 20-тина минутии од терапијата пациентот починува, потоа не се почитува проколот како се зема телото на мртовецот. Доаѓа поголема група на нивни роднини и пријатели и насила го земаат пациентот од амбулантата. Го земале умрениот сосе кревет, преку ограда го донеле во дворот на болницата каде ги чекало комбе и умрениот го однесле дома. Повикавме полиција, телото на починатиот е дома. Веќе е земен дома неможеме да го земеме назад. Не се земени брисеви за Ковид 19. Инаку починатиот пред 4 дена селекувал кај матичнииот лекар“, вели директорот на болницата Наќе Гогов.