Во четврток 24.09.2020 во 19.00 ч. во фоајето на ЦК „Марко Цепенков“ ќе се одржи концерт на дуо пијано.
П Р О Г Р А М А
- Debussy – Petite suite
- En bateau
- Cortege
- Menuet
- Ballet
- Rachmaninov – Six morceaux op.11
- Barcarolle
- Scherzo
- Theme russe
- Valse
- Romance
- Slava
- Ravel – Spanish rhapsody
- Prelude a la nuit
- Malaguena
- Habanera
- Feria
Пијанистката Билјана Димовска е родена 1978 год. во Битола. Во 2000 год. дипломира, а во 2003 год. и магистрира на Факултетот за музичка уметност во Скопје, отсек пијано, во класата на проф. Тодор Светиев.
Има настапувано на повеќе значајни манифестации во нашата земја: „Денови на македонската музика”, „Скопско лето”, „Битолско културно лето” „Хераклејски вечери“, „Прилепско лето“, “Денови на полската култура во Македонија”, „Музички вторник“, “ Златна лира”, „Интерфест“ – Битола.
Добитник е на повеќе државни и меѓународни награди: I награда на Интернационалниот натпревар во Бугарија „Нашите деца го свират Бах”; Специјална награда „Стефан Трајанов“ на истиот натпревар.
Има настапено како солист со Македонската филхармонија и со Симфонискиот оркестар при Факултет за музичка уметност.
Настапува и како камерен музичар, а во 2005 год. заедно со саксафонистот Боби Коминовски имаат снимено CD.
Има учествувано на повеќе семинари и мастеркласи кај светски познати пијанисти.
Вработена е во Државното музичко училиште во Битола како професор по пијано.
Пијанистката Татјана Божиновска е родена 1980 год. во Битола. Во 2002 год. дипломира, а во 2005 год. магистрира на Факултетот за музичка уметност во Скопје, отсек пијано, во класата на проф. Тодор Светиев. Во 2014 год. ги завршува и Докторски студии на Факултетот за музичка уметност во Скопје, под менторство на проф. м-р Тодор Светиев и прoф. д-р Димитрије Бужаровски.
Има одржано повеќе концерти и рецитали: Бугарија, Србија, Романија, Франција, Италија, Америка, Хрватска, Австрија, Норвешка, Полска, Турција….
Настапила како солист со Македонската филхармонија и со Битолскиот камерен оркестар.
Има настапувано на повеќе значајни манифестации како: “Охридско лето“, “Денови на македонската музика”, “Скопско лето”, “Хераклејски вечери”, “Битолско културно лето”, “Штипско лето”, „Прилепско лето“, “Пролетни вечери”, “Есенски музички свечености”, “Денови на полската култура во Македонија”, “Ден на културата во Битола”, „Музички вторник“, „Златна лира“, „Интерфест“ – Битола.
Член е на триото “Интерарт”, со кое активно концертира во земјата и надвор, на Меѓународни фестивали и натпревари, а имаат снимено и три CD-а.
Добитник е на повеќе државни и меѓународни награди: I награда на Интернационалниот натпревар во Бугарија “Нашите деца го свират Бах”; Специјална награда за најдобра изведба на романско дело и Специјална награда “Gheorghe Halmos” за најдобра пијанистичка интерпретација на “Aperto”- Интернационален натпревар за камерна музика во Букурешт, Романија; II награда на Интернационалниот натпревар за пијанисти – “Интерфест”- Битола; I место, односно Diploma d’Onore на “Tornero internacionale di misica”– Меѓународниот натпревар за камерна музика во Париз, Франција – како член на триото “Интерарт”.
Во 2006 е добитник на највисокото битолско признание „4 Ноември“ – како член на триото „Интерарт“.
Учесник е на европскиот проект “Пијано рефлексија на европската култура” кој се идржува во пет земји: Франција, Австрија, Молдавија, Полска и Македонија (2009-2011).
Вработена е во Државното музичко училиште во Битола како професор по пијано.
Дуото пијано во состав Билјана Димовска – Татјана Божиновска делува повеќе години и на својот репертоар има програма од барок до модерна музика. Има одржано повеќе рецитали низ земјата: Битола, Ресен, Прилеп, Охрид, Скопје, Штип, Гевгелија, и на фестивалите: „Интерфест”- Битола, „Битфест” – Битола, „Златна лира”- Скопје, „Прилепско културно лето” – Прилеп, „Музички моменти” – Гевгелија.
Во 2013 година го снимаат и своето прво CD.