ВИДЕО – Николоска: Семејните веселби и групни собирања се причина за зголемениот број на Ковид 19 во Прилеп

Од Центарот за јавно здравје од Прилеп велат дека во моментов има само еден активен кластер во една компанија. И дека најголем причинител за зголемувањето на Ковид 19 се дружењата на луѓето. Во Прилеп денеска има 4 новозаболени, 125 активни случаи од кои 23 се на болничко лекување, а 102 на домашно.

 

 

Секој ден во Прилеп се тестираат од 15 до 20 пациенти. Досега заболеле вкупно 644 граѓани, а 38 починале.

 

 

„Во работните организации во моментов имаме 1 активен кластер, а исто така би го спомнала и кластер за наши вработени. Станува збор за фабрика надвор од нашиот град, меѓутоа има доста вработени кои што патуваат. Сите останати од 125 активни, станува збор за семејни кластери.

 

Сакам да кажам дека тие работни организации, без разлика дали се јавни или приватни, епидемиолошката анкета покажува дека во работните организации сите позитивни немаат поврзаност меѓу себе, што значи дека го донесле од надвор. Голем дел од нив во анкетата кажале дека присуствувале на семејни веселби, слави, имендени, групни собирања“, рече Драгица Николоска, директор на Центар за јавно здравје Прилеп

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.