Фетаи: Најстроги казни за Груевски и Јанакиески за „Насилство во Центар“

Facebook
Twitter
Email
Print

 

 

Обвинителката Фатиме Фетаи, на денешното рочиште за случајот „Насилство во Центар“ побара најстроги казни за Никола Груевски и Миле Јанакиески како поттикнувачи на насилствата, со цел да се одвратат други од такви намери во иднина.

 

„За поттикнувачите немам сомнеж дека треба да биде изречена максимална казна, затоа што предизвикаа такво насилство кое нанесе срам за државата, имаше реакции од амбасади, од меѓународни организации. Неказнивоста за овој настан имплицираше потешки насилства, како што се настаните од 27 април во 2017 година во Собранието, каде што првите двајца обвинети во овој случај се обвинети и таму“, рече Фетаи.

 

Обвинителката рече дека од снимените разговори се слуша како првообвинетиот Груевски на 1 јуни 2013 година телефонски од второобвинетиот Јанакиески побарал да се организира протест на поголема група луѓе пред Општина Центар, каде градоначалникот Андреј Жерновски треба да добие неколку шамари со цел да биде исплашен.

 

Пред да почне со завршните зборови, Фетаи кажа дека од обвинението се ослободуваат поранешната пратеничка Даниела Рангелова и уште двајца обвинети.

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи