Пакувањата со по 19 цигари излегуваат од употреба, а во наредниот период сите пакувања ќе мора да имаат 20 цигари. Производителите на цигари веќе го прилагодуваат производството, што заедно со зголемениот износ за акциза, која се наплатува по цигара, ги зголемува трошоците на компаниите за приближно 5 денари, за колку ќе бидат поскапени цигарите.
Промените на Законот најмногу ги погодува производителите кои имаат најголем удел во понискиот ценовен сегмент од пазарот.
Законот за тутун, производи од тутун и сродни производи, беше донесен во мај мината година, а примената мора да се направи до ноември годинава.