Со одлука Регулаторната комисија за енергетика, од вечерва на полноќ малопродажните цени на бензините се намалуваат, додека цената на дизел горивото се зголемува.
Бензините поевтинуваат за денар и половина, додека дизелот поскапува за половина денар.
Така од полноќ, литар еуросупер БС – 95 ќе се точи за цена од 59 денари, а цената на еуросупер БС -98 ќе биде 61 денар за литар. Еуродизел БС (Д-Е V) и екстра лесното масло за домаќинство ќе се продаваат за 50 денари за литар.
Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува за 0,302 ден/кг и ќе изнесува 25,968 денари.