Информација за состојбата со коронавирусот во општина Прилеп за денеска, понеделник, 5-ти октомври:
- Од Центарот за јавно здравје информираат дека денеска во општина Прилеп нема нови случаи на коронавирус, а 7 лица оздравеле од заразната болест.
- Бројот на активни случаи изнесува 138, од кои 107 се наоѓаат на домашно, а 31 на болничко лекување.
- Во домашна изолација и самоизолација се наоѓат 212 лица.
- Вкупниот број на заразени од Ковид-19 од почетокот на пандемијата изнесува 722.