Започна со реализација проектот „Прилепско езеро – Нови авантури, нови можности“

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

 

КОЊИЧКИ КЛУБ МУСИЦА – КРУШЕВО 078-377-315


 

Започна со реализација проектот „Прилепско езеро – Нови авантури, нови можности“, спортско-рекреативен комплекс со кој треба да се врати сјајот на Прилепското езеро како излетничко место, но и да овозможи нови рекреативни содржини.

 

„Во тек е изградбата на овој комплекс, спортско-рекреативен кој што има неколку содржини. Се влегува со една пристапна улица со должина од 35 метри, паркинг простор за околу 20-тина возила, има 2 пешачки патеки кои што кружат околу овој спортско-рекреативен центар во должина од 750 метри. Има две спортски игралишта, едното е кошаркарско игралиште каде има и пинг-понг маси за рекреација на спортистите пингпонгари, и другото одбојакрско игралиште каде младите треба да спортуваат и рекреираат.

 

Најбитен дел е мултимедиалниот простор што ќе биде во средината на овој комплекс, каде ќе имаме 3 летниковци, 20 клупи за седење и секако направена една платформа каде ќе се изведуваат сите културни манифестации, забави, концерти и се она што им треба на граѓаните, на Прилеп, на туристите кои треба да уживаат во овој простор.

 

Осветлувањето ќе биде максимално, ќе има 32 столба, од кои 28 ќе бидат на мултимедијалниот простор и 4 столба ќе бидат на паркиралиштето. Така да вистински граѓаните на Прилеп и туристите што ќе го посетат овој спортско-рекреативен простор ќе бидат задоволни и треба да уживаме сите во она што следи во иднина“, изјави градоначалникот на Прилеп, Илија Јованоски.

 

Проектот е во вредност од 50 милиони денари, од кои 6 милиони денари ги обезбеди Општина Прилеп, додека останатите средства се од ЕУ. Целиот проект треба да биде готов за 2 до 3 месеци.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи