ВИДЕО – Повторно се пробија ветените рокови за мостот кај Сточен Пазар, сега се ветува дека ќе биде готов околу 1 декември

КОЊИЧКИ КЛУБ МУСИЦА – КРУШЕВО 078-377-315

Силното невреме кое на 6 август го зафати Прилеп предизвика енормно зголемување на водостојот на Градската река при што се урна импровизираниот мост-насип кој возилата го користеа за да ја преминат реката кај населбата Сточен пазар на улицата „Трајко Николоски“. Од Општина Прилеп тогаш истакнаа дека улицата се затвора во траење од 60 дена и дека потоа ќе биде пуштена за сообраќај. Но и покрај истекот на рокот мостот се уште не е изграден.

 

За тоа кога конечно ќе биде готов мостот од Општина Прилеп денеска не знаеја да кажат и не упатија да прашаме кај изведувачот на градежните работи „Стентон Градба“.

 

Од таму пак ни рекоа дека градежните актвности биле во тек и дека мостот се планирало и се надевале да биде готов кон крајот на ноември или почеток на декември, но без конкретни и стриктни ветувања за одреден датум.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи