ВИДЕО – Ситуацијата со инфективно во Прилеп алармантна, капацитетот речиси исполнет, недостасува персонал

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print
КОЊИЧКИ КЛУБ МУСИЦА – КРУШЕВО 078-377-315

Ситуацијата со инфективното одделение во Прилеп е алармантна, капацитетот е речиси исполнет со пациенти заболени од Ковид 19. Хоспитализирани се 27 граѓани, a вкупниот број кревети на располагање е само 30. 4-ица пак други пациенти биле сместени во друг оддел кои се сомнителни на корона вирус и за кои се чека резултат. Проблемот настанал кога Клиниките во Скопје ги зголемиле критериумите за прием и скоро ии да не примаат пациенти од Прилеп. Засега пациенти од Прилеп не примаат ниту во Клиниката во Битола. Таму ќе се примале ако се надминела моменталната бројка.

 

 

„Овие пациенти во претходните месеци, дел со потешка клиничка слика беа упатувани во Инфективна клиника во Скопје, а исто така и во специјалната ковид болница 8 септември, меѓутоа критериумите за прием на такви пациенти се позаострени, така да многу помалку од овие пациенти со потешка клиничка слика успеваме да ги префрлиме во другите центри“, истакна Драган Богоески, директор на општа болница Прилеп.

 

Дополнителен проблем е што од 4-ицата инфектолози во Прилеп пред неколку дена еден се зарази со Ковид 19 и сега се само тројца. Лекари од други болници не доаѓале, недостасуваат и медицински сестри, а проблемите се гледало да се решат со персонал од другите одделенија, но и тоа одело малку тешко бидејќи и таму недостасува кадар. Проблем е и тоа што одделението не е поврзано на централниот систем за кислород и тој тука се носи во боци.

 

„Поентата да се ангажираат други доктори од другите болници многу потешко е спроведлива, бидејќи од искуство многу малце од инфектолозите од другите јавни здравствени установи се волни да пружат услуги во други здравствени установи“, додаде Богоески.

 

Денес Прилеп има 12 новозаболени, иако ситуацијата е алармантна, градоначалникот на Прилеп не гледа потреба од превземање на дополнителни мерки.

 

„Нема никакви причини за било каква промена или дополнителни преземање на мерки од страна на кризниот штаб“, изјави Илија Јованоски, градоначалник на Прилеп.

 

Иако беше ветена засега никој и не спомнува кога Прилеп ќе добие монтажна болница за заболени од Ковид 19 која требаше да се гради веднаш до инфективното одделение.

 

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи