20 прилепчани дрвокрадци фатени на Мукос со нелегално исечени 10 кубни метри дрво

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

 

КОЊИЧКИ КЛУБ МУСИЦА – КРУШЕВО 078-377-315


 

Во акција на планината Мукос, на стариот пат Велес-Прилеп преку Јасеново и Извор, шумската полиција вчера фатила дваесетина жители на Прилеп како нелегално сечат дрвја. Притоа било констатирано дека се исечени 10-ина кубици бука и даб, пренесува порталот СакамДаКажам.

 

Акцијата била спроведена во близина на местото каде што пред десетина дена дрвокрадци нападнаа и натепаа петмина полицајци, при што двајца од нив се здобија со тешки повреди.

 

„И покрај тоа што се уапсени 15-ина дрвокрадци од Прилепско, продолжува пустошењето на шумата на истиот предел. Во месноста Дервен околу 17 часот во шума се пронајдени две поголеми групи на дрвокрадци, кои сечеа, складираа и транспортираа огревни дрва. Немаа документи дека легално ги сечат дрвјата. При редовна контрола на теренот на планината Мукос, на стариот пат кон Прилеп, каде што често има дрвокрадци од Прилепско, слушнавме звук на повеќе моторни пили и се упативме кон местото. Таму затекнавме дваесетина лица, две ‘лади ниви‘ полни со огревно дрво и шест моторни пили со кои работеа. Автомобилите, дрвата и средствата се запленети, а против шест лица, кои се идентификувани и сечеа, ќе се поднесат соодветни кривини пријави. Сторителите даваа отпор“, изјавија од Подрачната единица на Шумската полиција во Велес.

 

Додаваат дека изминатата недела биле пронајдени четири моторни пили и исечени дрвја, но сторителите побегнале, кога тие пристигнале на местото каде нелегално се сечело. Вработените во Шумската полиција во Велес сведочат дека дрвокрадците, кои без исклучок се од Прилепско, биле добро организирани.

„Ако изминатите години работеа во мали групи од по 3-4 лица, сега се многу побројни, ги има по 20-ина. Едни сечат, други ги пренесуваат дрвата, трети ги складираат. Исечените дрва ги транспортираат со стари ‘лади ниви‘, без регистарски таблички. Знаат да бидат многу агресивни кога ќе ги откриеме, напаѓаат со секири, дрва, метални шипки, ножеви. Ни ги оштетуваат возилата за да не можеме да ги гониме или од нивните возила ги вадат акумулаторите и ги дупнуваат гумите за да не можеме да ги заплениме. Дека се добро организирани зборува и тоа што имаме откриено штали со коњи, со кои од високите делови на планината ги префрлуваат нелегално пресечените дрвја до патот, за потоа да ги пренесат во Прилеп. Оставам на истражните органи да откријат каде завршуваат овие дрвја, оти не се за огрев за нивните семејства“, велат од Шумската полиција во Велес за СакамДаКажам.

 

Извор: СакамДаКажам

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи