Само уште 10 празни кревети на Инфективна во Скопје, лекари и сестри заминуваат од државното здравство

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print
КОЊИЧКИ КЛУБ МУСИЦА – КРУШЕВО 078-377-315


 

Само уште десет празни кревети останаа на Инфективната клиника во Скопје за пациенти со Ковид-19. Во Куманово, Струмица и  Велес, повеќе нема слободни места и тие пациенти се препраќаат во Скопје. Лекарите си заминуваат од државните болници. Ситуацијата станува алармантна.

 

Откако неколку сестри и доктори си заминаа, отказ најавила  и шефицата на Одделот за инфективни болести во болницата „8 Септември“, Патриција Каламарас.

 

Министерот за здравство Венко Филипче повторно апелираше да се почитуваат мерките за превенција, да се носат маски и да се одржува дистанца, за да се забави ширењето на вирусот. Доколку новиот пакет мерки не дава резултати Филипче не исклучува целосен или делумен карантин по општините, за што се надева дека сепак нема да се случи.

 

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи