ВИДЕО – Без огномет и масовни собирања, скромно одбележан 11 Октомври во Прилеп

 

КОЊИЧКИ КЛУБ МУСИЦА – КРУШЕВО 078-377-315


Годинава се одбележуваат 79 години од подигнувањето на востанието против фашистичкиот окупатор на 11 октомври 1941 година кога започнува и борбата за слобода, која пак е продолжување на вековниот сон на македонскиот народ за создавање на сопствена држава.

 

 

Но за жал поради пандемијата од сите досегашни години овој најзначен ден во нашата историја во Прилеп се одбележува можеби досега најскромно, под специфични околности, согласно протоколот за одбележување на државни празници и без масовни собири. Вечерва изостана традиционалниот огномет и масовната прослава и собирање во центарот на Прилеп. Имаше само импровизиран напад на Участакот. Затворен беше и меморијалниот музеј „11 Октомври“.

 

Утре ќе се положат цвеќиња  на спомениците на Методија Андонов Ченто, Кузман Јосифоски – Питу, Алејата на Великаните, споменикот Жена Борец и Криптата на Могилата каде почиваат останките на 600 партизани. По повод празникот денес се одржа и крводарителска акција, а ќе се одржат и два музички детски фестивали и државно првенство во даунхил кај месноста Топташ.

 

Инаку во 1941 година Револуцијата започнува со убиство на стражарот на бугарскиот Участак. Во истиот момент друга група пак на партизани го напаѓа затворот во Прилеп, а третата група ги прекинува телефонските врски и електричната инсталација, за да не може воениот гарнизон во Прилеп да биде информиран за нападот.

 

Сите овие три групи партизани се членови на партизанскиот одред „Гоце Делчев“. Фактот што овој одред се вика „Гоце Делчев“ е само уште еден доказ дека НОБ има свој континуитет уште од Илинденскиот период и е продолжување на таа борба за создавање на сопствена македонска држава. Доказ за тоа е и што голем број партизани своите прекари ги добиваат по имињата на војвоводите од илинденскиот период.

 

Во 1941 година Прилеп броел околу 25.000 жители од кои 8.000 учествувале во НОБ. Од нив 2.700 биле директно со пушка во рака. Од 66 народни херои во Македонија 15 се од Прилеп. За време на НОБ загинале 650 прилепчани, токму затоа во 1975 година Прилеп е прогласен за Град херој.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи