И оваа година во спомен на Тоше Проески вкупно десет маратонци ќе трчаат и ќе пристигнат во Крушево во петок, на 16-ти октомври на пладне.
Заради пандемијата со коронавирусот оваа година маратонот ќе се одржи на територија на Македонија, поточно од преминот Табановце, преку Скопје и се до Крушево. Двајца претставници на маратонците ќе истрчаат симболични 10 километри во Нова Градишка, Хрватска, и таму ќе положат цвеќе во спомен на музичката ѕвезда.
„И оваа година ќе го одбележиме овој тежок ден за Крушево, државата и Балканот. Ќе ги пречекаме маратонците и заеднички ќе оддадеме почит на нашиот сограѓанин, пејач и амбасадор. Драго ми е што годинава ќе положиме цвеќе на веќе изграденото гробно место и Тоше конечно ќе има достојно почивалиште“, изјави градоначалникот на општина Крушево Томе Христоски.