Се очекува Владата денеска да ја повлече одлуката за влез без ПЦР-тест

 

КОЊИЧКИ КЛУБ МУСИЦА – КРУШЕВО 078-377-315


 

На денешната онлајн седница на Владата се очекува да се ревидира одлуката за влез во Македонија на државјани од Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина и Косово без ПЦР-тест. Инаку поради високиот број заразени во регионот oд завчера Србија, Црна Гора и Босна и Херцеговина завчера на полноќ ја суспендираа одлуката за влез без ПЦР тест, така што се уште останува обврската за приложување негативен ПЦР-тест не постар од 48 часа кога се патува во овие три држави. За македонските државјани влез без медицинска потврда засега е дозволен само во Косово, Албанија и Турција.

 

Додека нашата Влада не ја ревидира реципрочно одлуката, влезот кај нас за државјаните на земјите од поранешна Југославија кои се надвор од ЕУ ќе биде без тестот. Вчера, на првиот ден од слободниот влез во земјава, сообраќајот беше зголемен на границата со Косово – колони возила имаше на преминот Блаце и поголема раздвиженост од вообичаено на ГП Јажинце, но не многу фреквентно на преминот Табановце на границата со Србија.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи