Со рози ќе се пречекаат маратонците кои се дел од ултрамаратонот за Тоше

 

КОЊИЧКИ КЛУБ МУСИЦА – КРУШЕВО 078-377-315


Крушево утре го одбележува денот на загинување на познатиот пејач, крушевчанецот Тоше Проески. Пречекот на маратонците е во организација на Општина Крушево, СОУ „Наум Наумовски Борче“, ООУ „Никола Карев“, други институции и приватни субјекти.

 

Како и минатата година од влезот на Крушево маратонците ќе се пречекуваат со црвени рози, а на Гумење ќе се пеат песните на Тоше Проески. Маратонците и градоначалникот на општина Крушево ќе положат свежо цвеќе и ќе оддадат почит.

 

„Оваа година ќе полагаме цвеќе и ќе оддадеме почит на веќе изграденото вечно почивалиште на Тоше. Конечно успеавме да се оддолжиме барем малку на Тоше, но преку многу настани во негов спомен ќе продолжиме да го негуваме неговиот лик и дело.“, изјави градоначалникот на општина Крушево Томе Христоски.

 

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи