Информација за состојбата со коронавирусот во општина Прилеп за денеска, четврток,15-ти октомври:
- Од Центарот за јавно здравје информираат дека денеска во општина Прилеп има 26 нови случаи на коронавирус, 14 лица оздравеле од заразната болест, а едно лице на 72 годишна возраст починало во болнички услови;
- Бројот на активни случаи изнесува 191, од кои 155 се наоѓаат на домашно, а 36 на болничко лекување;
- Во домашна изолација и самоизолација се наоѓат 420 лица;
- Вкупниот број на заразени од Ковид-19 од почетокот на пандемијата изнесува 864.