ВИДЕО – На Дервен нема застој – „се буфта, се работи“

 

КОЊИЧКИ КЛУБ МУСИЦА – КРУШЕВО 078-377-315


И покрај неколкуте инциденти помеѓу шуската полиција и дрвокрадците од Прилеп кои се случија пред неколку недели, не престанува масовното крадење на дрва на планинскиот премин Дервен преку кој поминува стариот пат Прилеп-Велес.  Ова видео е снимено денеска околу 17.30 часот кај вештачкото езеро во близина на Прилеп. Дрвокрадците се организирани со специјални возила направени за товар и пренос на дрвата, а дел од нив користат и коњи. Органите на прогонот можеби денеска дека сабота се заминати на викенд, бидејќи не ги видовме.

 

 

Овој предел се пусти веќе 30 години. Исечена е скоро целата планина и од прилепската страна и од страната од Велес. Ниту една власт досега не превзела ништо да се стопира овој криминал, иако секој ден тука поминуваат по 20-тина и повеќе вакви возила. А според очевидци за побрзо крадење на дрвата и пренос на истите во планината имаат направено и штали каде ги чуваат коњите. Криминалот се случува пред нашите очи буквално секојдневно, но државата се прави глува и слепа!

 

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.