После училиштата корона вирусот во Прилеп влезе и во градинките. Во петокот позитивни на корона вирус биле 2 негувателки од градинката „Работнички“ по што денеска градинката е целосно затворена и во самоизолација се пратени сите 20 деца и 8 мина од персоналот.
Позитивна на корона вирус е и една воспитувачка од градинката „Аличаир“ каде во самоизолација се пратени 15 деца и воспитувачката и негувателката која била со неа. Градинката во Аличаир ќе продолжи со работа, неа ја посетуваат околу 100 деца.
За овие случаи известени се и од Министерството за здравство и Центарот за јавно здравје од Прилеп.
Инаку во неделата по 4-тии пат комплетно биле дезинфецирани двете градинки.
129