Од Центарот за јавно здравје информираат дека денеска во општина Прилеп има 6 нови случаи на коронавирус, а 6 лица оздравеле од заразната болест.
Бројот на активни случаи изнесува 226, од кои 192 се наоѓаат на домашно, а 34 на болничко лекување.
Во домашна изолација и самоизолација се наоѓат 574 лица.
Денеска почина и едно лице на 63 годишна возраст.
Вкупниот број на заразени од Ковид-19 од почетокот на пандемијата изнесува 931.
187