Со посредство на „Центарот за граѓанска иницијатива“ Германија донираше санитетско возило за прилепската болница

КОЊИЧКИ КЛУБ МУСИЦА – КРУШЕВО 078-377-315


Со посредство на „Центарот за граѓанска иницијатива“ од Прилеп Германија донираше санитетско возило за прилепската болница. На примопредавање на амбулантното возило присуствуваше и заменикот амбасадор на СР Германија, Ото Граф. Оваа донација доаѓа во вистинско време кога е потребно зајакнување на капацитетите на болницата и подобрување на условит за подобро справување со пандемијата на вирусот „Ковид 19“.

 

„Германија отсекогаш донирала средства преку донации и проекти во нашата држава. Моментално кога најмногу ни е потребна помош поради COVID-19, Германската Амбасада тоа го прави преку подобрување на условите на здравствените установи во државата. Центарот за граѓанска иницијатива се потруди и успешно посредуваше за да се обезбеди донација од амбулантно возило за превоз на пациенти за потребите на Општата Болница во Прилеп. Германската Амбасада, покрај оваа донација, повеќе пати донирала во прилепските јавни установи и со многу проекти го подобрува животот на граѓаните на Општина Прилеп, а Центарот за граѓанска иницијатива бил секогаш тука да им излезе во пресрет за било каква помош и имплементација на проектите. Особено би сакал да изразам благодарност до Германската Амбасадорка Анке Холштајн, Заменик Амбасадор Ото Граф и Прв Секретар Катрин Фриинсфелд за нивната беспрекорна соработка и безусловна  помош, и сигурни сме дека оваа соработка и развој на демократијата во нашата земја благодарение на нивната помош нема да запре тука“, истакна Гоце Тодороски, Извршен директор на Центар за граѓанска иницијатива – Прилеп (ЦГИ).

 

 

Од Германската амбасада истакнаа дека се среќни што го донираат ова медицинско возило во еден ваков специфичен момент кога целиот свет се соочува со пандемијата, но се надеваат дека истото никогаш и нема да биде употребено.

 

„Се радуваме што можеме да дадеме свој придонес во подобрување на условите во здравствениот систем во Прилеп . Од повеќе страни имаме слушано дека транспортот на пациентите во државата е проблематична, слаба точка на здравствениот систем и затоа сме среќни што ја имавме таа можност и овој фонд да го поддржиме Прилеп со едно санитетско возило. Се надеваме дека овој мал придонес ќе им помогне на граѓаните во овие специфични состојби со Ковид пандемијата, но посакувам всушност да не се употреби и никој да нема потреба од него“, изјави заменик амбасадор на Амбасадата на РС Германија, Ото Граф.

 

„Ова санитетско возило ќе ни биде од голема корист во спасувањето на животите на пациентите од општина Прилеп, тие ќе бидат навремено транспортирани, квалитетно транспортирани до соодветните клиники во Скопје, со што ќе им се обезбеди квалитетна здравствена заштита. Исто така сакам да упатам голема благодарност до невладината ЦГИ и нејзиниот претседател Гоце Тодороски кои успеаја за еден краток од околу 2 месеци да го реализираат тоа наше барање за обезбедување на ново возило“, истакна Богоески.

 

 

Голема благодарност за возилото упати и градоначалникот на Прилеп, Илија Јованоски.

 

„Болницата во Прилеп добива едно санитетско возило и тоа од амбасадата на Република Сојузна Германија. Во оваа прилика сакам да се заблагодарам за оваа донација на санитетско возило кое што и’ е потребно на нашата болница, посебно во овие Ковид – 19 услови каде што потребата е уште поголема. Нашата стратешка соработка со Сојузна Република Германија продолжува и понатаму, стратешки однос кој верувам дека и во иднина ќе продолжи. Посебна благодарност исто така сакам да упатам до Гоце Тодороски и неговата невладина организација ЦГИ, за несебичното однесување и посветеноста за добивање на санитетското возило.Така се покажува општествена одговорност на било кој човек“, истакна градоначалникот Јованоски.

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи