Информација за состојбата со коронавирусот во општина Прилеп за денеска, вторник, 27 октомври:
- Од Центарот за јавно здравје информираат дека денеска во општина Прилеп има 35 нови случаи на коронавирус, а 10 лица оздравеле од заразната болест;
- Бројот на активни случаи изнесува 338, од кои 298 се наоѓаат на домашно, а 40 на болничко лекување;
- Во домашна изолација и самоизолација се наоѓат 620 лица;
- Вкупниот број на заразени од Ковид-19 од почетокот на пандемијата изнесува 1144.