Министерството за внатрешни работи продолжува со активностите на засилени сообраќајни контроли, како на територијата на Скопје, така и во другите градови од државата, рече портпаролот во МВР Тони Ангеловски.
Соопшти дека во текот на овој месец, колку што траат засилените акциски контроли, на територијата на државата има 16.000 санкции и дека контролите ќе продолжат и во наредните денови.
Апелираше до граѓаните на Македонија да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.
„Не за да ја избегнеме казната од полицијата, туку заради безбеден сообраќај на нашите улици и патишта“, рече Ангеловски.
![](https://infokompas.com.mk/wp-content/uploads/2020/01/Matador-banner-300-149.jpg)
![](https://infokompas.com.mk/wp-content/uploads/2020/09/kreas2020d.gif)
114