УХМР најавува дека во следните денови ќе преовладува претежно сончево време со мала до умерена, а на места, особено во северните и источните делови повремено значителна облачност со услови за слаб локален дожд.
Ќе дува слаб до умерен северен ветер, особено изразен вдолж Повардарието.
Во недела минималната температура наместа ќе достигне до 0, додека во понеделник во утринските часови ќе биде и до – 2 степени. Максималните температури наместа ќе достигнат над 20 степен.