Информација за состојбата со коронавирусот во општина Прилеп за денеска, петок, 30-ти октомври:
- Од Центарот за јавно здравје информираат дека денеска во општина Прилеп има 64 нови случаи на коронавирус, а 17 лица оздравеле од заразната болест;
- Од последици на коронавирусот, починаа две лица на 73 и 78-годишна возраст;
- Бројот на активни случаи изнесува 434, од кои 380 се наоѓаат на домашно, а 54 на болничко лекување;
- Во домашна изолација и самоизолација се наоѓат 724 лица;
- Вкупниот број на заразени од Ковид-19 од почетокот на пандемијата изнесува 1291.
- Од почетокот на пандемијата до денеска, од коронавирусот починале 57 лица.