Одделението за внатрешни работи Крушево поднесе кривична пријава против С.С.(22) и М.Н.(19), двајцата од Битола, поради постоење основано сомение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекусори“.
„Првопријавениот нелегално набавувал марихуана, амфетамин и МДМА екстази и ги продавал за однапред договорен паричен надомест, додека второпријавениот вршел продажба во корист на првопријавениот за однапред договорен паричен надомест. На 26.10.2020 во Битола, во домот на првопријавениот, полициски службеници при претрес пронашле дигитална вага, марихуана, амфетамин и мешавина од тутун и марихуана“, велат од МВР.