Одделението за внатрешни работи Прилеп поднесе кривична пријава против С.А.(50) од Прилеп, поради постоење основано сомение за сторени кривични дела „задоволување на полови страсти пред друг“ и „запуштање и малтретирање на малолетно дете“.
Во период од околу три години пријавениот ја малтретирал неговата малолетна ќерка, упатувал навреди и во неколку наврати пред неа вршел полови дејствија.