Во текот на изминатото деноноќие, по однос на мерката за носење заштитна маска како превенција од коронавирусот, на територијата на Македонија се регистрирани 928 прекршоци, информираше претпладнево Министерството за внатрешни работи.
Министерството и денеска апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата, со цел справување со Ковид-19.