ВИДЕО – Од досега 1.380 позитивни во Прилеп, 722 се заразени во октомври, од починатите 62, 10 се само последнава недела

Заради влошувањето на состојбата и зголемениот број на заразени со коронавирсуот во општина Прилеп, вчера се одржал неформален работен состанок со директорите на Општата болница „Борка Талески“ и Здравствениот дом, како и со лекари инфектолози и епидемиолози од прилепската болница и Центарот за јавно здравје.

 

 

На средбата се разговарало за внатрешната реорганизација на здравствените институции, со цел поефикасно справување со пандемијата.

 

„За сериозноста на состојбата зборуваат бројките, кои велат дека само во месец октомври бројот на новозаболени е половина од  вкупниот број на заболени од почетокот на пандемијата, односно од досега 1380 позитивни, 722 се заразени во месец октомври.

 

Бројот на активни случаеви е 509, од кои 63 се на болничко лекување, а останатите на домашно. Во изолација се наоѓаат 695 лица.

 

Од досега починатите 62 лица, 20 се починати само во месец октомври, од кои 10 само во последната недела.

 

Најдобриот начин да се заштитиме себеси и своите најблиски, е да носиме заштитна маска, да одржуваме неопходна физичка дистанца и редовно да вршиме дезинфекција на рацете, во домовите и на работните површини.

 

Само на тој начин, ќе успееме да ја задржиме состојбата под контрола и ќе им помогнеме на здравствените работници поуспешно да се справат со пандемијата“, истакна Илија Јованоскии, градоначалник на Прилеп.

 

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Play Video

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи