Македонски контингент мировници замина кон Косово – прва мисија како членка на НАТО

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

 

Македонски контингент со 44 мировници заминаа кон Косово, каде ќе работат како штабски офицери во главната команда на КФОР во Приштина и ќе ја обезбедуваат регионалната команда на КФОР Запад, како дел од првата мисија како членка на НАТО, информира Министерството за одбрана.

 

Министерката за одбрана Радмила Шекеринска изјави дека членството во НАТО значи безбедност и стабилност и сигурност под колективниот чадор на Алијансата, но и оти тоа членство е голема одговорност.

 

„Пред помалку од 20 години, нашата татковина ја искористи шансата да има мисија на НАТО за да има безбедност и стабилност. Денеска како членка на НАТО можеме да помогнеме да помогнеме тоа да се случи и кај нашите соседи. И тоа покажува колку поминавме заедно, со колку проблеми се изборивме и колку созреавме како луѓе и како држава“, рече Шекеринска.

 

Според најавите од Министерството за одбрана, во следната ротација, планот е бројот на македонските припадници во КФОР да се зголеми на над 60, а од идното лето заедно со Националната гарда на Вермонт од САД, надвор од воспоставените ротации придонесот во период од 9 месеци да се зголеми со над 100-тина припадници на Армијата. Министерството за одбрана планира од идното лето во мисијата КФОР да учествуваат околу 180 војници, подофицери, и офицери на македонската армија.

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Липо ласер и спа капсула за прв пат во Прилеп

Play Video

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи