ВИДЕО – И матичните лекари од Прилеп ќе ги прегледуваат пациентите заболени од Ковид 19

Во борбата со Ковид 19 се вклучуваат поактивно и матичните лекари од Прилеп. Од Министерството во февруари тие добиле насоки дека ако некој пациент има сиимптоми на Ковид да ги контактира телефонски и потоа тој да биде пратен на испитување во Центарот за јавно здравје. Но сега тие ќе ги прегледуваат пациентите за да се намали притисокот во инфективното одделение, но сепак бараат и препораки од Министерството како да се однесуваат.

 

 

„Ние сме положиле хипократова заклетва, ние знаеме колку е ризична нашата професија. Значи ние сега во овој момент мора да си ги прегледуваме пациентите. Вчера на состанокот што го имавме со матичните доктори од Прилеп, се препорача дека мора да ги прегледуваат пациентите што се сомнителни за корона, не може да избегаме и да не ги прегледуваме пациентите. А досега од Министерството за здравство, сакам да повторам, ние немаме насоки како да постапуваме“, рече Нора Димшоска Тасеска, претседател на здружение на приватни лекари на Прилеп.

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи