ВИДЕО – Царовска: Онлајн наставата непречено ја следат 90,2 % од учениците, останатите се едуцираат преку емисиите на МТВ

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

Онлајн наставата засега се одвива без никакви проблеми. Од почетокот на учебната година 90,2 % од учениците кои следат онлајн настава истата ја следат непречено, а останатите околу 9% наставата ја следеле преку едукативните емисии на националниот сервис. Ова денеска во Прилеп го истакна Министерката за образование, Мила Царовска. Се правеле и обиди преку разни донации и настани и на оние учениците кои немаат таблети или лаптопи да им се обезбеди потребната ИТ опрема за следење на наставата.

 

 

„Ова укажува дека само за еден месец воспоставување на онлајн настава во нашата држава, имаме повеќе од 90% ученици кои што следат, соодветно и наставници кои одржуваат настава. За останатите 9 проценти се следи настава преку телевизија, затоа што нели сепак сме ние држава во развој, благодарност до МРТ за тоа што овозможи да 15 минутни часови се одвиваат и на телевизија и да со достава на материјали се следи квалитетот на знаење кај учениците. Секако во наредниот период следува и период на оценување, до 29 ноември треба да се утврди првото тромесечие. Тука сите предизвици кои што ќе се јават секако дека ќе бидат пресретнувани во поддршка на наставниот кадар и на учениците. Сепак може да истакнеме дека како Министерство за образование и наука сме задоволни од моделот кој се избра заедно со Владата, а тоа е комбиниран, дел одат со физичко присуство, дел со онлајн присуство“, рече Царовска.

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Липо ласер и спа капсула за прв пат во Прилеп

Play Video

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи