ВИДЕО – Витаминка и Преспав донираат 100 таблети за семејствата во неповолна социјална положба

Витаминка и Преспав донираат 100 таблети за семејствата кои немаат можност да купат смарт уреди за следење онлајн настава на своите деца. Донацијата, што како иницијатива произлегува од Витаминка, а се приклучи и ОХО продукција, се одвива преку Министерството за образование и наука од каде го составија списокот на корисниците на донацијата и ќе се достават уредите до семејствата според приоритетот и потребите.

 

 

„Ми претставува особена чест што сум денес тука како претставник на „Витаминка“ да ја доделиме оваа донација, која што е од 100 таблет уреди за социјално загрозените семејства и се доделува на децата од Прилеп и на децата од Битола“, истакна Симона Симоноска, „Витаминка“ А.Д. Прилеп.

 

„Солидарност и општествена одговорност, тоа се клучните две работи кои не смееме да ги заборавиме во овие тешки мигови. Јас како дел од „Преспав“, дел од “ОХО“ продукцијата и нашиот генерален спонзор „Витаминка“ АД, ќе го поправам градоначалникот, даваме 100 таблети. 50 ќе се дадат во Прилеп, 50 во Битола и ги повикувам и другите општествени институции, фирми, да го следат нашиот пример затоа што потребна им е помош на многу луѓе во оваа држава“, рече Игор Ангелов, од Преспав.

 

 

Здравствената криза создаде нови услови во кои недостатокот од финансии, опрема и средства е се почест и во поголеми размери, а граѓаните посебно социјално загрозените семејства се соочуваат со најмногу проблеми, затоа е потребно бизнис секторот да помогне во секој аспект, велат од Витаминка за инцијативата.

 

„Во услови на пандемија во изминатата година граѓаните се соочуваат со големи предизвици, од економски, социјален и од образовен аспект. Покрај помошта на здравствениот сектор и на семејствата во социјален ризик, како компанија што високо го цени образовниот процес веруваме дека е многу важно обезбедување непречен и рамноправен пристап до образованието дури и во овие услови. Се надеваме дека со оваа донацијата ќе придонесеме кон тоа и ќе поттикнеме помасовна и поголема ангажираност на бизнис секторот во помошта кон граѓаните”, додаваат од одделот за маркетинг во Витаминка.

 

Со реализација на донацијата ОХО Продукција, „Преспав“ и Витаминка ги повикуваат сите деловни соработници да се приклучат на иницијативата за општествена одговорност и со здружени сили да дадат поддршка на образовниот процес со цел да го олеснат безбедното следење на наставата во време на пандемија за учениците кои потекнуваат од социјално загрозени семејства.

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи