Општина Прилеп за набавка на ИТ опрема потребна за учениците кои немаат ваквии уреди за следење на онлајн наставата одделила 17 милиони денари, од блок дотациите.
„Имаме одделено од блок дотациите 17 милиони денари, каде што е во тек постапката за таблети за децата кои што немаат можност и се од ранливи категории. Значи во тек е постапката, колку таблети ќе бидат набавени со таа сума не можам да ви кажам, затоа што зависи од цената на таблетите, ние не бараме бројка, колку што ќе има вредност секој таблет, ова е сумата која треба да се распредели, 17 милиони денари за сите деца во нашиот град, без разлика дали се средно или основно училиште“, рече градоначалникот Илија Јованоски.