Совети од д-р Нико Беќаровски како се носи и како се чува заштитината маска

Facebook
Twitter
Email
Print

 

Д-р Нико Беќаровски од Универзитетската клиника за токсикологија деновиве објави неколку совети за тоа како граѓаните да ја користат маската за таа да ги заштити.

 

Веќе осум месеци маските ни станаа секојдневен аксесоар, без кој не тргнуваме никаде. За жал и по толку време, сѐ уште голем дел од населението не знае правилно да ја облекува/соблекува маската, а уште помалку правилно да ја дезинфицира/стерилизира маската за повеќекратна употреба. Неправилното ракување со маската може наместо да штити, да ве зарази со вирусот, вели д-р Беќаровски.

 

Тој предлага 10 практични совети како да не се случи тоа:

 

1.Кога не ја носите маската мора да е во пластична кесичка, свиткана на половина со надворешниот дел кон внатре!
2. При вадење секогаш фатете ја за дршките и така држејќи ставете ја на лице, со задолжително покривање на носот.
3. Ако вашата маска има метална преграда на горниот раб, притиснете ја и прилагодете ја кон Вашиот нос.
4. Никогаш не ја лизгајте маската кон брадата, бидејќи при оваа манипулација, вирусите ќе се залепат за Вашето лице.
5. При вадење на маската таа се држи исклучиво за рачките, а по вадењето се преклопува на половина (види точка 1) по што се одложува во кесичката.
6. Маската која повеќе нема да ја употребувате ставете ја во пластична вреќичка, цврсто заврзете ја и одложете ја во ѓубре.
7. Платнените маски за повеќекратна употреба, кога ќе дојдете дома, потопете ги во хидроген, варикина, доместос, алкохол и оставете ги 5 минути, или попрскајте ги со спреј за дезинфекција.
8. Маската перете ја на 60 или 90 степени.
9. Пожелно е да ја испеглате пред секоја употреба.
10. Обичните маски ги заштитуваат другите од Вашите флигеови капки и затоа избегнувајте контакти со луѓе кои не носат маски или бидете на растојание од најмалку 2 метра.

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи