Викенд во Крушево започна со акција Донирај компјутер преку која ќе се потрудат да обезбедат компјутери за деца од Крушево кои не можат да следат „онлајн“ настава.
Првиот компјутер веќе е дониран, а пред неколку дена пристигнал и вториот компјутер.
Оваа акција се спроведува заедно со организторите на фестивалот Крушево низ корија и се повикуваат сите кои имаат функционални компјутери да ги донираат за да се овозможи на сите деца да следат настава во период на пандемија.
„Нашата работа е да го промовираме Крушево и да ги информираме сите туристи за се што е поврзано со туризмот во нашиот град. Но, решивме да бидеме и општествено одговорни и да помогнеме на најмладите. Оттука, заедно со Крушево низ корија ја започнуваме акцијата Донирај компјутер. Сите кои можат да донираат нека го направат тоа, а тимот на Викенд во Крушево ќе се погрижи компјутерот да заврши на вистинското место.“ велат од тимот на Викенд во Крушево.
Тимот се заблагодарува на поддршката и соработката со ОО Црвен крст Крушево, ООУ „Никола Карев“, СОУ „Наум Наумовски Борче“ и општина Крушево.